ПАНЕЛ ДИСКУСИИ И ТРКАЛЕЗНИ МАСИ
2009

24 јуни 2009
Првата активност на Советот беше панел дисксусија на тема ,,Светската економска криза- предизвиците за македонската економија“, која се одржа на 24 јуни 2009, во хотелот ,,Stone Bridge” . На настанот кој го модерираше Љупчо Зиков, говореа професорите на Универзитетот на ЈИЕ д-р Мирољуб Шукаров и д-р Абдулменаф Беџети.

Јуни 2009
Во текот на јуни, Советот подготви апликација за едногодишен проект со наслов ,,Развој на демократизацијата на Македонија преку регионална и меѓународна соработка“, која ја достави до Комисијата за мали грантови при американската амбасада во Скопје. Откако проектот беше одобрен и од надлежните тела при стејт Департментот, на 25 септември 2009 беше потпишан и грантот.

17 септември 2009
На панел дискусијата насловена како ,,Преосмислување на дијалогот: Иднината на Балканот“ учествуваа гости од сродни организации од регионот; Петрак Појани- Албански совет за надворешни односи,Весела Чернева, Европски совет за надворешни односи (Канцеларија во Софија), Наташа Драгојловиќ-Европско движење во Србија (EMINS), Јенс Бастиан-Грчка фондација за европска и надворешна политика (ELIAMEP),Или Хоџа-Клуб за надворешна политика од Косово и Огнен Малески и Ирена Стефоска од Извршниот одбор на Советот за глобална соработка.

29 октомври 2009
Панел дискусија ,,Напредокот на Западен Балкан во најновите извештаи на Европската комисија“ одржана на 29 октомври 2009 во ЕУ инфо центарот во Скопје. Радмила Шекеринска ја модерираше дискусијата на која учествуваа Н.Е. Ерван Фуере, шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија, Марко Бело од Албанскиот совет за надворешни односи и Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование.

25 ноември 2009
Тркалезната маса ,,Политиката и медиумите“ се одржа во НУБ Св. Климент Охридски/Британски совет. Модератор на настанот беше Биљана Секуловска, а учесници: Ветон Латифи, Бранко Радовановиќ, Бранко Тричковски, Ѓунер Исмаил, Сашо Орданоски, Роберт Поповски, Емилија Симовска, Снежана Трпевска, Христо Ивановски, Горан Михајловски, Петар Арсовски, Столе Наумов, Жанета Трајковска, Бојан Кордалов, Газменд Ајдини и Вангел Ноневски.

2010

18 февруари 2010
,,Последиците од глобалното затоплување - нов предизвик“ беше тема на панелот кој се одржа во НУБ ,,Св.Климент Охридски/Британски Совет. На оваа тема говореа министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Н.Е. Андру Ки, претседателката на Националниот комитет за климатски промени д-р Наташа Марковска и Искра Стојковска од невладината организација ,,Фронт21/42“. Модератор на овој панел беше Христо Ивановски.

17 март 2010
Тркалезната маса на тема ,,Реализација на енергетската политика- бариери и можности “ се одржа во просториите на Советот за глобална соработка. Професорот Константин Димитров ја водеше дебата на која учествуваа следниве експерти: д-р Димитар Хаџи Мишев, Славе Ивановски, д-р Рубин Талески, д-р Ристо Јаневски, д-р Атанас Кочов, д-р Глигор Каневче и Сашо Салтировски.

28 април 2010
Советот за глобална соработка, во соработка со Европската бизнис асоцијација и М6-Едукативниот центар организираше панел дискусија на тема ,, Како конечно да се привлечат странски директни инвестиции во Македонија?“ која се одржа во просториите на М6-Едукативниот центар .На темата говореа: Трифун Костовски-претседател на Советот за глобална соработка, д-р Мирољуб Шукаров-професор на универзитетот на ЈИЕ, Ентони Николопулос- извршен директор на Титан цементарница Усје,  Шефки Идризи-генерален директор на Ренова и Димитар Ристовски- извршен директор на ЕБА, како модератор на панел дискусијата.

30 септември 2010
Советот за глобална соработка одржа тркалезна маса на тема ,,Високообразовните политики во регионот- експеримент или стратегија“во просториите на НУБ ,,Св. Климент Охридски“/ Центар за конференции и студии во Скопје.   На дискусијата која ја модерираше д-р Емилија Симовска,  учествуваа:  Д-р Жига Турк, професор на Факулетот за градежно и геодетско инженерство на универзитетот во Љубљана и Генерален секретар на “Reflection Group on the Future of Europe”;  Д-р Бардил Мусаи, Претседавач на Советот за акредитација во високото образование и  професор на Универзитетот во Тирана и на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.  Д-р Јули Пападиамантаки, предавач по Европски образовни политики на Универзитетот на Пелопонез;  г-дин Сулејман Рушити, поранешен министер за образование и актуелен пратеник.
3 ноември 2010 
Советот за глобална соработка и Институтот за социолошки и правно-политички истражувања организираa тркалезна маса на тема ,,Човековите права и судскиот систем“ , која се одржa во просториите на Институтот.  Модератор беше проф. д-р Петар Атанасов, професор на ИСППИ, а учествуваа: г-дин Исмет Рамадани, г-дин Трифун Костовски, проф-д-р Мирјана Најчевска, професор на ИССПИ и експерт за човекови права, г-ѓа Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур, г-дин Христо Ивановски, член на Бордот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Г-дин Суад Мисини, Истражувачки центар за граѓанско општество, г-ѓа Анета Цекиќ, докторант на ИСППИ, г-дин Ѓунер Исмаил.

9 декември 2010
Советот за глобална соработка, организираше предавање и дебата на тема ,,Редефинирање на либералниот капитализам“, која што се одржа во просториите на Едукативниот центар М6. Специјален гостин-предавач на овој настан беше проф.д-р Славко Кулиќ од Економскиот институт во Загреб, еминентен експерт за низа општествени науки. Настанот го модерираше проф. д-р Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на ЈИЕ и пријател на  СГС.

2011 
11 февруари 2011
Советот за глобална соработка организира панел дискусија на тема ,,Балкан 2014“, која се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. На настанот учествуваа следните панелисти: -Зоран Талер, пратеник во Европскиот парламент;Радмила Шекеринска, пратеник и Претседател на Националниот совет за евроинтеграции (модератор на диксусијата);-Стојан Андов, пратеник во Собранието на Република Македонија;-Трифун Костовски, претседател на Советот за глобална соработка.

19 октомври 2011
Панел-дискусијата на тема ,,Евроатланските интеграции и актуелната меѓународна позиција на Република Македонија“ се одржа  во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Модератор на дискусијата беше Огнен Малески, а учествуваа Радмила Шекеринска Јанковска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-дин Томаш Вилгомас, советник во амбасадата на Република Полска (земја претседавач со ЕУ) и г-дин Исмет Рамадани, член на Извршниот одбор на СГС.

 

14 декември 2011
Советот за глобална соработка и Институтот за социолошки и правно-политички истражувања организираа тркалезна маса на тема ,,Глобалниот тероризам и Балканот“ која се одржa во просториите на Институтот.  Воведните излагања имаа проф. д-р Митко Котовчевски и проф. д-р Фросина Ташевска Ременски, а во дебатата учествуваа повеќемина експерти, претставници на високообразовни институции и членови на Советот за глобална соработка.

 

1 февруари 2012
Советот за глобална соработка организираше тркалезна маса на тема: ,,Демократската свест кај граѓаните на Република Македонија“ , на која и претходеше спроведувањето на теренско истражување и анализа на јавното мислење на прашања поврзани со темата. Резултатите и заклучоците од истражувањето беа  презентирани во рамките на настанот од страна на професорите Емилија Симоска и Петар Атанасов, кои беа и модератори на дискусијата.  На тркалезната маса учествуваа: Трифун Костовски, Алберт Муслиу, Ѓорѓи Кимов, Назим Рашиди, Сашо Ордановски, Панде Лазаревски, Ерол Ризаов, Исмет Рамадани и Ѓорѓи Трендафилов. Истражувањето “Демократската свест на граѓаните на Република Македонија“ по нарачка на Советот за глобална соработка го изработи невладината организација Институт за социолошки анализи. Базирано е на теренско анкетно истражување на репрезентативен примерок од 1600 испитаници. Анкетата е реализирана на крајот на ноември 2011 година. Советот издаде посебна публикација со резултатите и толкувањата од ова истражување, која наиде на голем интерес во јавноста.

14 март 2012
Панел дискусијата на тема ,,Изборниот процес во Република Македонија и имплементацијата на критериумите на ЕУ“ која се одржа  во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје.  На дебатата модерирана од Огнен Малески, зборуваа следниве панелисти: г.Роберт Лидл од Делегацијата на ЕУ, Борис Кондарко-претседател на Државната изборна комисија, Мауро Калво од Мисијата на ОБСЕ и Дарко Алексов-извршен директот на МОСТ.  И покрај инсистирањето на СГС на присуство на вицепремиерката за евроинтеграции, и овојпат беше одбиено учеството, исто како и на министерот за правда.

13 септември 2012
Советот за глобална соработка одржа панел дискусија на тема: ,,Имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР- клучен предуслов за фер и демократски избори“. На темата говореа политичкиот аналитичар Насер Зибери и Андреј Жерновски од ЛДП, а дискусијата ја модерираше Огнен Малески од СГС. И на овој настан, како и во многу претходни прилики, беше одбиено учество од страна на претставници на владејачката партија, но овој пат и на дел на опозицијата, како и на Мисијата на ОБСЕ. Сепак, и покрај учеството на само двајца панелисти, дискусијата беше солидна и медиумски добро покриена.

8 октомври 2012
Советот за глобална соработка, во соработка со Европската бизнис асоцијација и Стопанската комора на северо-западна Македонија организираше панел дискусија на тема ,,Европската и македонската рецесија- искуства, предизвици и контроверзи“ која се одржа на 8 октомври 2012 година во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје.  На темата говореа следниве панелисти: г. Александер Тиеман, претставник на Меѓународниот монетарен фонд; г. Мендерез Кучи, претседател на Стопанската комора на северо-западна Македонија; г-ѓа Александра Наќева Ружин, претседател на Европската бизнис асоцијација и проф. д-р Никица Мојсовска Блажевски, декан на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот Американ колеџ Скопје. Модератор на настанот ќе биде проф. д-р Мирољуб Шукаров, од Универзитетот на ЈИЕ и член на СГС. Поради профилот на учесниците и актуелноста на темата, настанот беше добро покриен во медиумите.

14  декември 2012

Во име на Советот за глобална соработка , претседателот Трифун Костовски  учествуваше на меѓународна конференција во Тирана на тема ,,Соработка за безбедност на Западен Балкан”, на покана на организаторот Атланскиот совет на Албанија. Темата на конференцијата беше ,,Соработка за безбедност на Западен Балкан”, a учество зедоа високи владини претставници на земјата-домаќин, членови на дипломатскиот кор, како и претставници на невладини организации и универзитети од Балканот. Костовски се обрати во сесијата посветена на безбедносните ризици за Западен Балкан и можните импликации од европската финансиска криза.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КРУГ
Советот организира активности насловени како Претседателски круг. Тоа  се настани од затворен тип, со учество на членовите и пријателите на СГС и гостин-главен говорник. Средбите се одвиваат согласно Четам Хаус правилото и за секоја од нив се назначува ментор задолжен за организација и водење на настанот.
2009
29 јуни 2009
Претседателски круг со пратеникот Стојан Андов, на тема поврзана со Предлог на Државната стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија.

19 октомври 2009
Претседателски круг со Радмила Шекеринска,  на тема ,,Најновиот извештај на Европската комисија за Република Македонија“.

26 октомври 2009
Претседателски круг со Хедер Конли, директор на Европската програма при Центарот за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) на кој се говореше за политиката на администрацијата на претседателот Барак Обама кон Европа и за актуелни теми за Република Македонија и Балканот.
24 ноември 2009
Претседателски круг со Н.Е. Александра Пападопулу, амбасадорка на Република Грција во Македонија, на тема ,,Имплементација на Лисабонскиот договор “.

14 декември 2009
Претседателски круг со Александер Тиеман, постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија, на тема ,,Македонија и светската економска криза од аспект на ММФ“.

2010 

20 јануари 2010
Претседателски круг со Н.Е. Арслан Хакан Окчал, амбасадор на Република  Турција во Македонија, на тема “Приоритетите на турската надворешна политика, со посебен акцент на Балканот“. 

25 март 2010
Претседателски круг со Н.Е. Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија,  на тема      ,,Достигнување на евроатланските аспирации на Македонија“.

27 мај 2010
Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Ален Брајан Бергант, гостуваше на Претедателскиот круг во таа прилика говореше на тема  ,,Македонскиот реформски процес и евроатланските интеграции“.

1 јуни 2010
Поранешниот генерален секретар на Западноевропската унија, министер за одбрана и државен секретар за евроинтеграции на Холандија д-р Вилем ван Екелен беше гостин на Претседателскиот круг на Советот, кој се одржа на 1 јуни 2010. Со гостинот, кој моментално е член на одборите на SIPRI (Stockholm International Peace Research Institute), CESS (Center for European Security Studies, Groningen) и DCAF (Geneva Center for  the Democratic Control of Armed Forces) се дискутираше за актуелни прашања од гео-политичката сцена.

16 јуни 2010
На 16 јуни 2010 на Претседателскиот круг на СГС гостуваше Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование. Тема на средбата беа актуелните прашања поврзани со евроинтегративниот процес на Република Македонија.

18 ноември 2010
Амбасадорот Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на Европската Унија беше гостин-говорник на Претседателскиот круг на Советот за глобална соработка.Фуере дискутираше со членовите и пријателите на СГС околу последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

29 ноември 2010
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Филип Рикер гостуваше на Претседателскиот круг на Советот за глобална соработка. На средбата беа разменети мислења за актуелни геополитички прашања и за меѓународната позиција на  Република Макeдонија.

13 декември 2010
На Претседателскиот круг на Советот за глобална соработка гостуваше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, г. Бранко Црвенковски, кој говореше на тема ,,Опозицијата и меѓународната позиција на Република Македонија“.

2011 
1 февруари 2011
Претседателски круг со амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Александра Пападопулу.

22 март 2011
Амбасадорката на Кралството Холандија Н.Е. Симоне Филипини беше гостин-говорник на Претседателскиот круг на Советот за глобална соработка на тема: „Приодот на членките на ЕУ и НАТО кон актуелната меѓународната позиција на Република Македонија“.

20 мај 2011
Претседателски круг со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР, Џулијан Пил Јејтс, околу улогата на мисијата во претстојните избори.

2012 
24 јануари 2012
Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија, г. Александер Тиеман, гостуваше на Претседателски круг на Советот за глобална соработка, со презентација на тема: ,,Кризата во Евро-зоната и политиките на ММФ“.

5 март 2012
Претседателски круг со Н.Е. Пол Д.Волерс, амбасадор на САД во Република Македонија, на кој се дебатираше за актуелни прашања од  регионот и геополитичката сцена.

5 април 2012
Советот одржа Претседателски круг со косовскиот амбасадор Н.Е. Скендер Дурмиши. На средбата се дискутираше за билатералните односи помеѓу двете земји.

5 ноември 2012
Претседателски круг со Кит Браун, историчар и македонист, на тема : ,,Пропуштените можности на независна Република Македонија”, на кој беше поканет поширок круг пријатели на Советот, со цел да се помогне истражувањето на Браун за поновата македонска историја.