Советот за глобална соработка е независна, непартиска и непрофитна организација, чија цел е да помогне и влијае во разбирањето и афирмацијата на стратешките цели на надворешната политика и меѓународната позиција на Република Македонија и да го афирмира дијалогот за суштинските политички, општествени и екомонски прашања во земјата и регионот.
Со своите активности и ставови Советот ќе биде поддршка на потребите и интересите на своите членови, државните органи и институции, бизнис заедницата, медиумите, академските кругови, граѓанскиот сектор и другите заинтересирани граѓани.